Гастрономски натпревар за средношколци и студенти “TASY” – Струмица 2023
На 9.6.2023 пред Домот на АРМ во Струмица, се оддржаа голем гастрономски натпревар за средношколци и студенти „TASTY”– Струмица 2023.
ТРИ ЗЛАТНИ ПЛАКЕТИ за Ева, Вероника и Моника.
Нашите ученици од угостителско-туристичката струка Ева Анакиева и Вероника Димитровска од II год., и Моника Моневска од I год. подобро и не можеа да го зачинат крајот на оваа наставна година. Готвеа јадења од намирници што им беа понудени пред самото натпреварување и имаа време од 3 минути да го осмислат јадењето што ќе го приготват. Овде учениците ја покажаа нивната кретивност и знаењата кои ги стекнале за време на практична настава.
Идни средношколци одберете го СОУ”Коле Нехтенин” Штип и научете ги малите тајни на големите готвачи кои произлегуваат од нашето училиште и едноставно е, бидете најдобри!










