Втор меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии „Иновамак 2018“

На Вториот меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии „Иновамак 2018“ што се одржа од 21 до 23 септември во Домот на АРМ организиран од Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) која е полноправна членка и единствен легитимен претставник на земјава во Светската федерација на асоцијации на пронаоѓачи (IFIA) учество зема и Стефан Јакимовски ученик во четврта година од нашето училиште. Стефан се претстави со изработка на “MNC”, што претставува рачно изработена CNC машина која како што вели самиот ја има изработено во своето слободно време, а идејата ја работи веќе пет години. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *