“Волонтирај, учи, забавувај се” – 21.10.2022
Во Дом на млади –Штип денес 21.10.2022 година се одржа работилница за ученици на тема ,,Волонтирај, учи, забавувај се” во организација на Младински клуб-Штип.
Ученици од нашето училиште зедоа активно учество на оваа работилница.
Целта на работилницата е да се информираат младите за волонтирањето како високо корисна општествена активност ,и да се охрабрат да волонтираат преку разгледување на придобивките од волонтирање за заедницата и за самите нив.



