Балкански средношколски игри

Во периодот од 12 јуни до 16 јуни во организација на Федерацијата на училишен спорт, Агенцијата за млади и спорт и МОН, во Охрид се одржуваат Балканските средношколски игри.

Спортската екипа од СОУ”Коле Нехтенин” Штип во состав Филип Трајанов, Давид Киров и Петар Пецовски под менторство на проф.Антонио Киров го освоија третото место во спортската дисциплина Одбојка на песок и достојно ја оправдаа довербата која им беше дадена да ја претставуваат државата во оваа дисциплина.

За првпат во историјата на овие Балкански средношколски игри Штип има свој претставник со своја екипа.

Секако е најважно да се учествува, но кога учеството ќе се закити и со освоено место радоста е неизмерна.

Честитки за учениците и нивниот ментор и многу успеси во иднина!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *