Анкетата – Спортските обложувалници и младите

Учениците од  4-3 клас на часот по Граѓанско образование изработија анкета на тема „Спортските обложувалници и младите„ Анкетата беше спроведена над 70 ученика од трета и четврта година во нашето училиште.

По извршената анализа на резултатите од анкетирањето беше донесен следниот заклучок.Од вкупниот број анкетирани ученици (54 момчиња и 16 девојчиња) 50 ученика се обложуваат,а  останатите 20 ученика не.

Од учениците кои се обложуваат 20 ученика секој ден одат во кладилница,а останатите ученици 2-3 пати неделно.Најчестата уплата е од 30-50 денари,средстав кои учениците ги заштедуваат од редовниот џепарлак кој го добиваат од своите родители.

14 ученика од оние кои посетуваат кладилници играат и на VLT апаратите и очекуваат добивка.

Половината од учениците кои се обложуваат, се изјасниле дека нивните родители знаат за тоа дека тие посетуваат кладилници.А дали и покрај тоа што не добиваат би продолжиле да играат,сите ученици се изјасниле со позитивен одговор.

Исто така група ученици од 4-4 клас изработија анкетен лист на денес се популарната тема„Радикализам и екстремизам„кој беше спроведен над учениците од истиот клас . Од вкупно 34 ученика во класот,само двајца ученика никогаш не слушнале за овие поими,а пет ученика имаат слушнато меѓутоа не го знаат нивното значење.Најчесто за радикални групи ги сметаат политичарите,религиозните групи и феминистите.Сите  анкетирани ученици го сметаат радикализмот за општествено негативна појава и остро го осудуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *