Активности со цел мултиетничка интеграција!
Тимот на мултиетничка интеграција во образование во нашето училиште, под координација на проф. Жаклина Атова е добитник на гранд од 30.000 ден од МОН, од јавниот повик за доделување на средства за реализација на активности, кои придонесуваат за развој и напредување на мултикултурализам, меѓуетничка интеграција и толеранција во средните училишта за учебната 2022/2023 год.
Целта на овој гранд е промовирање на добри практики за активности во кои се негуваат хармонични односи, кои се темелат на разликите на етничките заедници и градење на мултиетничко и културно општрство.
Со овој гранд ќе се реализираат активности од нашето училиште и училиштето СОУ ,,Сами Фрашери” од Куманово, кое што е партнер на нашето училиште во мултиетничката интеграција.