Завршен испит на туристичко-угостителската струка
За средното стручно образование од тригодишно траење карактеристично е полагањето на практичнот дел од завршниот испит. Секој образовен профил го реализира тој дел со одредени изработки. Тоа се однесува и за учениците од угостителско-туристичката струка, па така образовните профили готвач и келнер на 16 јуни 2016 го реализираа својот практичен дел од завршниот испит со изработка на голем број гастрономски специјалитети, како и со нивно правилно сервирање и послужување.