За нас


СОУ “Коле Нехтенин” своите корени ги влече уште од пред Втората светска војна, од т.н. занаетчиско училиште што постоело во тоа време во Штип. После војната се трансформирало во училиште за ученици за стопанство – УЗУС.

1965/66 се основа како Металско училиште со практична обука со паралелки за ученици во стопанството-решение на СО Штип од 06,02,1968.

1973 прераснува во Металски училишен центар-решение на Окружен стопански суд во Штип од 05.03.1973

1975/76 отпочнува со настава Електро отсек-Одлука на СО Штип од 20.08.1974

СОУ “Коле Нехтенин” – Штип, денес има околу 800 ученици од електро-техничка, машинска и угостителско-туристичка струка, кои организирани во 28 паралелки од четиригодишно и тригодишно образование го изучуваат своето занимање, стекнуваат знаења, вештини и умеења во широка и пространа училишна зграда составена од 14 училници, 9 кабинети, спортска сала, машинска работилница и административни простории. Наставниот и останатиот персонал со своето знаење, искуство и пристапност во голема мерка даваат придонес за одвивање на квалитетна и успешна настава.