Во рамките на угостителско – туристичката струка со тригодишно образование постои образовниот профил:
КЕЛНЕР - ГОТВАЧ
Учениците кои ќе се запишат на образовниот профил келнер – готвач ќе се здобијат со знаење од областа на географијата, информатиката, математиката и од областа на останатите општообразовни предмети. Учениците се здобиваат и со стручно знаење од областа на хигиената, готварството, храната и пијалоците, психологијата, декорацијата во готварството, посложувањето. Учениците имаат и практична настава.