ПОЗНАТИ НАУЧНИЦИ

Алберт Ајнштајн

Алберт АјнEinsteinштајн (1879 – 1955) е роден во Улм, Германија. На 26 години, во 1905 год. ја одбранил својата докторска дисертација. Во оваа година Ајнштајн објавил три многу значајни публикации. Првата се однесувала на квантната теорија на светлината  и објаснување на фотоелектричниот ефектот, за која ја добил Нобелова награда за физика во 1921 год. Втората публикација се однесувала на статичките аспекти на појавата на Брауново движење, каде што укажува на брауновското движење на атомите. Неговата трета публикација се однесува на специјалната теорија на релативноста. Со неа тој покажал дека класичната теорија за гравитација на Њутн е само специјален случај на неговата теорија. Релативистичките теории на Ајнштајн од корен го менуваат нашето сфаќање за просторот и времето, како и за универзумот воопшто.

Хајнрих Херц

HerzХајнрих Херц (1857 – 1894) е виден германски физичар кој експериментално го докажал постоењето на електромагнетните бранови и утврдил дека нивната брзина е еднаква на брзината на светлината. Покрај тоа тој докажал дека овој тип бранови ги имаат истите својства како и светлинските бранови. Единицата за фреквенција во SI го носи неговото име.

Никола Тесла

PictureНикола Тесла (1856 – 1943) е роден во Смилјан. Тесла учел математи
ка и физика во Прага, а во 1884 се преселил во САД. Во Њујорк се запознал со Томас Едисон. Обајцата пронаоѓачи со текот на времето зазеле цврсти спротивни ставови, па влегувале во долги и гласни расправии. Една таква расправија била во однос на еднонасочната (Едисон) и наизменичната струја (Тесла). Оваа тема како и многу други била причина за омразата помеѓу Едисон и Тесла. Еднаш нивниот пријател, Марк Твен, ги повикал на забава, но ниту еден од нив не отишол бидејќи другиот бил поканет. Ова ривалство е причина поради која Тесла и Едисон не добиле Нобелова награда.

Михајло Пупин

PupinМихајло Пупин (1858 – 1935) бил знаменит великан во областа на физиката и електрониката, научник и пронаоѓач од светски глас, кој дал особен придонес во областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата. Во текот на својот работен и животен век Пупин добил многу почести, награди и признанија. Бил претседател на Американскиот институт на радиоинженерите и претседател на АИЕЕ (Американски институт на електроинженери). Михајло Пупин е научник со 34 патенти помеѓу кои се вбројуваат: безжичен пренос на електрични сигнали, радиоприемен систем со висока селективност, апарат за селективно засилување, тонски радиоприемник и други.

Мајкл Фарадеј

Faraday

Мајкл Фарадеј (1791 – 1867) е најмногу познат по својата работа во областа електромагнетизмот. Интересно за Фарадеј е тоа што тој за разлика од многу други научници, своите трудови ги пишувал без да користи формули за да објасни некоја појава. Фарадеј бил познат како „големиот експериментаторбидејќи постојано правел разни експерименти кои всушност го довеле до многу од неговите пронајдоци. Тој бил фасциниран од науката и технологијата и секогаш истражувал и вршел експерименти кои понекогаш биле и опасни. Самиот Фарадај кажал дека преживеал четири експлозии, но не неповреден.

Ада Лавлејс (Августа Ада Бајрон)

Ада Бајрон (1815 – 1852) била одличен математичар. Таа ја напишала првата компјутерска програма и затоа  се смета за првиот програмер во светот. Ада го напишала првиот алгоритам за аналитичката машина на професорот Чарлс Бебиџ. Луиџи Менабреа, млад италијански инженер и иден премиер на Италија, го запишал предавањето на Бебиџ за аналитичката машина на француски јазик. Ада го превела записот и додала свои размислувања. Денес машината на Бебиџ се смета меѓу првичните модели за компјутер, а записот на Ада се смета за прво одбјаснување на хардвер и софтвер. Програмскиот јазик Ada го носи нејзиното име.

Алесандро Волта

Алесандро Волта (1745 – 1827) бил физичар, хемичар и пионер на електричните науки. Kако дете тој доста бавно го совладувал италијанскиот јазик, сепак пред да заврши со училиште успеал да ги изучи латинскиот, францускиот, англискиот и германскиот јазик. Волта е познат по неговото откритие – батеријата. Покрај ова, Волта открил дека електричниот потенцијал во кондензаторот е правопропорционален со електричниот полнеж. Денес единицата за електричен потенцијал во SI го носи неговото име.