Посета на ученици и професори од Шведска
На 28.04.2017 нашето училиште го посетија ученици и професори од средното училиште Curt Nicolin Gymnasiet од Финспонг, Шведска. Посетата е реализирана во соработка со
Универзитетот Гоце Делчев Штип и Гимназијата Добри Даскалов од Кавадарци.Нашите
ученици како домаќини на гостите им презентираа дел од активностите во нашите кабинети и работни простории, а потоа беа угостени со македонска трпеза приготвена од нашите ученици од угостителско-туристичката струка. На крајот учениците поминаа слободно време заедно во меѓусебно запознавање и дружење.