Четири награди за СОУ “Коле Нехтенин” од МАССУМ 2017

МАССУМ – Младинска Асоцијација на Средните Стручни училишта во Македонија, официјално постои од 2006 година и има за цел да го подобри животот на младите, да ги подготви за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата.

Мисијата на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку организациски и комуникациски вештини, практична работа и учење.

Оваа година Образовното Рандеву на МАССУМ се одржа во СЕПУГС “Васил Антевски Дрен” во Скопје на 21 и 22 април. На овогодишниот МАССУМ учествуваа рекорден број средни стручни училишта, односно 65 . При таа конкуренција, нашите претставници зедоа четири награди и тоа :

II место за најдобра веб страна освоија учениците Маја Николовска, Александар Насев  и Стојче Речаноски од IV-3 клас со менторите Мартина Николова и Ивана Стојанова;

III место во категоријата интервју за работа на македонски јазик освои Теодора Петковска од III-4 клас со менторот Лидија Кишишева;

III место за најдобра фотографија освои Столе Арсов од III-4 клас со менторот Јулијана Ташкова;

III место за најдобра екипа во серва освои екипата составена од Лорета Сарафимова, Викторија Китанова, Пане Арсов и Бобан Атанасов.

Успешно се претставија и останатите наши ученици кои се претставија во следните категории:

  • Драмска претстава – Дијана Кузманова, Адријана Савевска, Лилјана Шалева, Стефан Ефремов и Драган Алексовски со менторот Јованка Шалева;
  • Јавно говорење на македонски јазик – Ангела Стојанова со менторот Сузана Арсова;
  • Интервју за работа на англиски јазик – Славиша Младеновиќ со менторот Мирјана Фичорска;
  • Кариерно портфолио и постер – Стефан Давчев со менторот Ивана Стојанова;
  • Поетска творба – Оливер Почивалец со менторот Анче Пандазијева;
  • Кошарка – Бобан Анушев, Алек Амповски, Петар Илиевски и Викторија Китанова со менторот Трајче Филипов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *