Кариерен центар

Од 2013/2014 година во нашето училиште започна со работа Кариерениот центар. Отварањето на Кариерни центри во средните училиштата  е во склоп на  YES проектот на USAID – Младинска мрежа за подготовка за вработување. Toa e проект чија цел е да се зајакнат суштинските врски помеѓу потребите на пазарот на трудот и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем. Кариерните  центри во училиштата ќе бидат места каде младите ќе се состануваат, ќе добиваат насоки за кариерниот развој и ќе ги подобруваат своите вештини за вработување. Во Кариерниот центар младите ќе можат да добијат корисни совети во врска со нивното определување за натамошно школување или во врска со нивното вработување по завршувањето на средното образование.
​Партнери на USAID во YES Мрежата се и Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.Во соработка со нив изготвени се програми за “Подготовка за вработување и работа” за III година, “Учење преку работа” за IV година и “Планирање на кариера” за II година.Целта на програмите помеѓу другото е да им се овозожи на младите да се стекнат со таканаречените меки вештини , односно комуникациони и организациони вештини кои ќе им помогнат во поуспешно наоѓање на работа и напредување во истата.

Активности

Средба со претприемач, корисник на програмата за самовработување

 

 

 

 

 

 

 

 

Редовни активности
2013/14

Од октомври во Кариерниот центар  редовно се одржуваат слободните часови од Планирање на кариера со II-4 клас,Подготовка за вработување со III-2 и III-5 клас,како и Учење преку работа со IV-5 клас.Покрај тоа тука се реализираат голем број ученички активности како состаноци на членовите на Ученичкиот Совет, дисеминации од обуки за ученици, реализација на активности на Детскиот Правобранител,состаноци на Дебатниот клуб, состаноци на Литературно – рецитаторската секција ,подготовки за натпревари итн.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Организација на забава за денот на вештерките

Една од активностите на Кариерниот Центар во СОУ Коле Нехтенин беше и организацијата и реализацијата на Halloween Party на 31.10.2013 со цел запознавање на останатите ученици за постоењето на Кариерниот Центар. Овие активности ги започнаа дел од учениците од II-4 клас , на кој со голем интерес се приклучија и ученици од III-3,IV-3,I-2,III-5.На забавата присуствуваа и  претставници на  Американското Катче  и Американскиот мировен корпус  Марија Георгиева и Laura Celeste ,така да учениците имаа можност на англиски јазик да слушнат за празнувањето на овој ден во Америка како и да ја вежбаат својата конверзација на англиски јазик. За забавата ,целосно тематски беше украсен Кариерниот центар со творби (цртежи,украси,идејни решенија) на самите ученици.Присутните имаа можност да играат и игри кои се карактеристични за овој празник. Со реализирањето на оваа забава учениците почувствуваа дека со ангажираност и посветеност, секоја нивна  креативна идеја може да се реализира  , а Кариерниот Центар е тука да им помогне во тоа. Во подготовките на настанот најголем допринос дадоа следните ученици Стоилова Кристина, Донева Драгана, Димитрова Бојана, Лазарова Џоана, Младеновска Симова, Штерјова Марија и Андоновски Филип  од II-4 клас, Савевска Ирена и Костовска Сара од III-3 клас и Арменска Бранка и Стојменова Анастасија од IV-3 клас.Од наставниците на забавата присуствуваа Лидија Кишишева , Драгана Басарова и Томе Коловски,а свој удел во подготовките дадоа и кабинетот за електроника, кабинетот за угостителство и машинската работилница.,како и директорот на училиштето со одобрување на скромните финансиска барања за организацијата на настанот.

Стоп за семејно насилство

         ​Во текот на октомври, поточно на  04-05.10 и 18-19.10 се одржаа обуки на тема Стоп за семејното насилство во соработка со невладината организација ЕХО . Проектот ја разработува  темата за  подигање на свеста за проблемот на семејно насилство уште од рана возраст, а целна група се ученици од средните училишта во Штип.Учениците кои присуствуваа на обуките добија сертификати за завршена обука за ПЕЕР едукација на истоимената тема. Со ова тие ќе можат да се едуцираат самите, нивните соученици, другари и останати поединци и групи. Така во текот на ноември и декември дисеминација на останатите ученици реализираа учениците Гонева Ангела ,Постолов Стефан (IV-4), Андоновски Филип , Манов Ангелко (II-4), Рахмани Ајше (IV-3) ,Савевска Ирена (III-3), Бојана Манева и Кристијан Арсов (III-4). Учениците се покажаа добри организатори и реализатори на овие обуки за своите соученици.
 

Работа на Дебатен клуб

         ​Во месец ноември во Кариерниот центар е  формиран  дебатен клуб:Ова е во склоп со активностите на Младинскиот Образовен Форум како партнер на USAID во проектот Меѓуетничка интеграција за формирање на дебатни клубови во  8 училишта од 8 општини во Македонија.За дебатниот клуб се пријавија 20-тина ученици кои најпрво започнаа со обуки и предавање за дебатирање и аргументирање. Обуките ги реализираа поискусни дебатери од други училишта и од универзитетот Гоце Делчев. На 20, 21 и 22 декември се одржа најголемиот дебатен турнир за почетници на кој многу успешно учество имаа два тима од нашиот дебатен клуб. Членови на двата тима беа Сара Костовска, Александар Левковски, Филип Андоновски, Ирена Савевска , Симона Младеновска и Димитриј Лазаров. Младите дебатери учествуваа и на дебатниот турнир Пастрмагедон 2014 одржан на 17-18 јануари во Штип.