СОУ „Коле Нехтенин“
Декември 06, 2021, 06:22:01 *
Добредојдовте Гостин. Ве молам пријавете се или зачленете се.

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија.
Новости: Форумот пристигна ! - Регистрирајте се
 
   Почетна   Помош Пребарај Пријавување Зачленување  
Страници: [1]
 1 
 пратена : Јуни 20, 2009, 10:01:57  
Автор GogoLjubotenski - Последна порака од GogoLjubotenski
Александар да ти предложам нешто, како администратор на овој форум мислам дека треба да ставиш ИТ дел каде што ке можеме да дискутирамо со учениците за нивни проблеми и наши воедно, нели сепак сме информатичко училиште. Може за секоја струка (ел.техничка,механичка,угостителска) да се направи дел.
Зошто да идат по други форуми и да скитаат низ интернет за да ги решат своите проблеми со компјутери, и др глупости  Шмекерко

Поздрав

 2 
 пратена : Мај 29, 2009, 02:07:32  
Автор Алекс - Последна порака од Димитар Гарпов
Браво !!! Само напред Смешко

 3 
 пратена : Мај 25, 2009, 10:04:41  
Автор Алекс - Последна порака од GogoLjubotenski
Супер резултати, ама можеш да ставиш и некои слики од натпреварот, и дел од учениците да видат со што сте се натпреварувале  Шмекерко

 4 
 пратена : Мај 16, 2009, 09:34:15  
Автор Алекс - Последна порака од Алекс
Тимот составен од Лазаров Александар, Петков Никола (натпреварувачи), Томе Коловски (ментор) и Хаџи-Николов Стојан (член на комисија) го постигна најдобриот досегашен резултат со освојување на второто место на оваа манифестација. На олимпијадата учествуваа земји од целиот Балкан меѓу кои, Македонија, Молдова, Бугарија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Босна и Херцеговина. Првото место го доби тимот на Босна и Херцеговина кои беа за 1,5 поени подобри од нашиот тим.

Третото место му припадна на домаќинот т.е. тимот од Романија.

 5 
 пратена : Април 15, 2009, 02:48:12  
Автор Администратор - Последна порака од Администратор
Добро прочитајте ги следниве правила пред да почнете да учествувате во дискусии на форумов или да креирате Ваши.

1. Однесувајте се културно. Форумот е наменет за СОУ „Коле Нехтенин“ и секое некултурно однесување од членовите ученици нема да се толерира.

2. Забрането е постирање на какви било материјални содржини кои ги нарушуваат авторските права на авторот на тој материјал.

3. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.

4. На веќе отворена дискусија, придржувајте се кон неа. Доколку имате свое мислење кое е надвор од дискусијата на таа тема отворете ваша нова тема.

5. СТРОГО се забранува постирање на порнографски материјали од било кој вид.

6. Администрацијата на форумот на СОУ „Коле Нехтенин“ го задржува правото да бриши/изменува теми/мислења без објаснување или предупредување доколку смета дека тоа е потребно.

Страници: [1]
Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.8 | SMF © 2006, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!