Екскурзија низ градот Охрид

Учениците од прва и втора година во периодот од 22 и 23 ноември уживаа во својата екскурзија низ градот Охрид. Секоја посета на Охрид е едно ново доживување, затоа што во овој наш бисер покрај езерото има толку многу убавини на кои не можете да останете рамнодушни. Беа посетени едни од најубавите локации во Охрид и околината, манастирот Свети Наум и црквата на Плаошник, Заливот на коските, Самуиловата тврдина. Попатно беше посетена и Хераклеа – Битола со слободно време на најпрометната и најпозната улица Широк Сокак. Учениците имаа одлична можност да се запознаат со природните убавини и знаменитости кои се поврзани со нашата историја на овој наш крај, со што се доби одлична комбинација на учење, дружба и забава на која секогаш ќе се сеќаваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *