Државен натпревар “Лидер”

Учениците од угостителско-туристичката струка продолжуваат со освојување на награди.На петтиот државен натпревар “Лидер” за угостителско-туристичката струка нашиот ученик Дејан Ѓоргиев во категоријата келнери беше најдобар и е прогласен за Лидер на државно ниво. Ментори на ученикот се наставниците Јулијана Саздова и Митко Коцев. Во категоријата готвачи ученикот Ненад Нушев со менторот Горан Антониевски го освои третото место . На натпреварот учествуваа ученици од Охрид, Скопје, Велес, Гевгелија, Крушево, Берово, Крива Паланка и Штип. Највисокиот државен натпревар „ Лидер” во струката го организира Центарот за стручно образование и обука , а оваа година честа и задачата за реализацијата на истиот ја имаше нашето училиште. Начинот на реализација ги воодушеви сите присутни бидејќи со поставување на целата неопходна опрема во училишниот хол , целокупниот натпревар можеа да го следат сите присутни,со што овој натпревар се разликуваше од сите досегашни. На овој начин се мотивираат сите ученици уште поуспешно да работаат на стекнување на знаења и вештини, се развива натпреварувачкиот дух и секако се стекнуваат навики за здрава исхрана што учениците од оваа струка несебично ни го презентираа. На овој начин нашето училиште уште еднаш ги покажува квалитетите со кои располага и покажа дека е училиште од кое излегуваат ученици со врвни способности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *