Садови за одлагање на електрична и електронска опрема

Со цел залагање за почиста и поздрава средина, согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу колективниот постапувач за електрична и електронска опрема и отпадни мали преносни батерии, Друштвото за управување со отпад „Елколект“ ДОО Скопје и Општина Штип во изминатиот период беа поставени садови за одлагање на електрична и електронска опрема во самите училишта.
Во секое училиште ќе бидат организирани едукативни настани и организирано собирање на електрична и електронска опрема и истата ќе биде предадена на фирмата „Елколект“ ДОО Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *