„Загадувачи…прочистувачи…вечни натпреварувачи“

На 22.03.2019 година Еко клубот на СОУ Коле Нехтенин го освои III место на натпреварот на тема „Загадувачи…прочистувачи…вечни натпреварувачи“ кој се реализираше по повод „Денот на екологијата“ , „Денот на пролетта “ и „Светскиот ден на водата“,а со цел подигнување на еколошката свест кај младите. Натпреварот се организираше за учениците од сите основни и средни училишта од општина Штип и Карбинци , координатор на активностите беше ООУ „Тошо Арсов“ од Штип,а самиот настан се одржа во Домот на младите . Проектот, кој го изработуваа повеќе членови на Еко клубот од нашето училиште, на самиот настан го презентираа Моника Стојанова од I-3 клас и Виктор Миладинов од II-3 клас. Честитки за сите членови на Еко клубот кои учествуваа во реализацијата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *