Завршна екскурзија

Учениците од трета година од сите струки во четиригодишно образование и учениците од втора година во тригодишно образование ги збогатија своите спомени со незаборавни денови поминати во Италија како резултат на завршната екскурзија која се организира секоја година за конкретната група на ученици.
Беа посетени градовите Белград, Венеција, Лидо ди Јесоло, Милано и Верона, а на самиот крај и Палманова вилиџ
Учениците се запознаа со различни културни и естетски вредности како и знаменитости на наведените земји. 
Другарувањето и солидарноста беа пропратен елемент кои ги исполнија овие денови на учениците со смеа, забава и секако мигови кои долго ќе се паметат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *